Почеток СПОРТ Ибиши потпиша за новиот косовски учесник во Европа

Ибиши потпиша за новиот косовски учесник во Европа

Гол мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Фудбалскиот клуб Малишева од Косово го објави својот прв трансфер во летниот преоден рок – македонскиот напаѓач Џемал Ибиши.

По добрите настапи во дресот на Шкупи, Ибиши ја продолжува кариерата во клуб кој ова лето ќе настапува и на европската сцена во Конференциската лига, покрај учеството во новата сезона на Суперлигата.

Со своето искуство, Ибиши се очекува да биде клучна фигура во напаѓачката линија на Малишева. 24-годишникот покрај за Шкупи играше за Вардар и Тиквеш, како и хрватските Ориент, Дубрава, Локомотива Загреб.

www.gol.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro