Почеток СПОРТИбраими: Сон ми е со Шкендија да играм во групната фаза од ЛШ

Ибраими: Сон ми е со Шкендија да играм во групната фаза од ЛШ

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Најдобриот стрелец во историјата на мак-фудбалот и во еврокуповите, Бесарт Ибраими, изрази задоволство од триумфот и посака историја со Шкендија и пласман во групите на едно од УЕФА натпреварувањата.

“Ова е историска победа против ФЦСБ, знаеме за каков противник се работи и со кого игравме. Имаат многу трофеи и европски натпревари. Ние сме задоволни од она кое го прикажавме на првиот меч, но далеку од тоа дека ќе биде лесно на реваншот. Ние ќе дадеме сѐ од себе, а мене сон ми е да играм во една групна фаза со Шкендија. Можевме да победиме и поубедливо, но фудбалот е таков. Ќе беше подобро со 2-0 да одевме во Букурешт, ама и со 1-0 не е лошо. Ќе бидеме поконцентрирани таму и со Господ напред, се надевам дека ќе ја оствариме целта.”, ни изјави Ибраими по мечот.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа