Почеток СВЕТ ИДФ уапси над 40 осомничени членови на Хамас во болница во Газа

ИДФ уапси над 40 осомничени членови на Хамас во болница во Газа

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека за време на викендот притворила 44 осомничени екстремисти на Хамас при рација во болница во северниот дел на Газа.

ИДФ на 25 октомври упадна во болницата Камал Адван во Бејт Лахи и притвори 44 вработени мажи.

Палестинските здравствени претставници изјавија дека болницата во која се лекуваат околу 200 пациенти, е тешко оштетана при упадот на ИДФ.

Додека неименуван израелски претставник истакна дека се воделе жестоки борби околу болницата Камал Адван, но не и внатре во објектот. Додека според друг анонимен претставник медицинскиот персонал е идентификуван бидејќи некои од екстремистите се преправиле како медицински лица.

The post ИДФ уапси над 40 осомничени членови на Хамас во болница во Газа appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro