6
Централната изборна комисија на Грузија денеска соопшти дека пребројувањето на гласовите од сите избирачки места е завршено, а владејачката партија Грузиски сон на саботните избори освоила 53,92 отсто од гласовите.
Резултатите од гласањето на едно избирачко место се поништени по инцидент со масовно полнење гласачки ливчиња, пренесува РИА Новости.
Во парламентот влегоа и четири опозициски партии кои добија вкупно 37,78 отсто од гласовите.
The post Изборна комисија: Грузискиот сон освои 53,92 отсто од гласовите appeared first on Локално.