Со извештајот добиваме една реална, објективна слика за состојбите за целокупната подготвеност на земјата во достигнувањето на европските правила и стандарди, како и за тоа што било направено во текот на изминатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски за Извештајот на Европската комисија за Македонија.
„Мора човек реално да пристапи на работите и реално да разговара за заедничките предизвици кои ни престојат како држава. Нема да кажувам дека со само два месеци кои се опфатени во извештајот дека сме направиле чуда.
И без овој извештај како прв човек на Владата знам дека граѓаните живеат тешко и дека ни се потребни крупни чекори напред, клучни реформи и она што можеби за мене претставува клучен приоритет а тоа е борбата против корупцијата.
Сепак е добро кога ќе се добие и квантификација и една реална слика за состојбите,“ изјави Мицкоски.
Како и претходните години, најголемите слабости повторно се детектираат се однесуваат на кластерот 1- темели, односно на деловите поврзани со правосудството, реформа на јавната администрација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на ЕК за Македонија: Да се донесат уставните измени и да се забрза со реформите
Фото/Влада
The post Извештајот е реална и објективна слика за состојбите, оценува Мицкоски appeared first on еМагазин.