Почеток СВЕТ Извештај на ОН: Газа се соочува со 350 години повоено закрепнување

Извештај на ОН: Газа се соочува со 350 години повоено закрепнување

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Извештајот на Обединетите нации за Газа го претстави шокантниот факт дека на областа ќе и требаат 350 години за економско закрепнување доколку остане под блокада на израелските сили.

Првичната проценка беше дека ќе бидат потребни децении Газа да се опорави по завршувањето на војната, но сега зборуваме за векови.

Војната, како што бевме сведоци, предизвика масовно уништување на целата територија на Газа. Уништени се згради и патишта, а клучната инфраструктура е претворена во пепел. А за да започне каква било реконструкција, прво треба да се отстранат телата на жртвите и планината отпад создадена како резултат на страшното уништување со кое секојдневно се соочуваат жителите на Газа, пренесе Јутарњи.

Во извештајот се наведува дека ќе бидат потребни 350 години за закрепнување и тоа во случај војната да заврши веќе утре и целата област да се врати во „статус кво“ што беше пред војната што започна на 7 октомври минатата година. Секој нов ден на војна само ќе го продолжи времето на опоравување, како и агонијата на Палестинците.

„Штом ќе дојде до прекин на огнот, враќањето на предвоената ситуација нема да го донесе потребниот моментум за закрепнување на Газа“, се вели во извештајот.

Авторот Рами Алазех објасни дека резултатот е добиен со пресметка, а не со проценка.

„Ако трендовите на раст помеѓу 2007 и 2022 година се вратат, на Газа ќе и требаат 350 години за да се врати на БДП од 2022 година“, заклучува шокантниот извештај.

Израел не ги коментираше наводите на извештајот.

The post Извештај на ОН: Газа се соочува со 350 години повоено закрепнување appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro