Неименуван извор од Белата куќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „бесен“ поради медиумското известување за финансиерот и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн.
Изворот за Политико изјави дека Трамп е „очигледно бесен“ и верува дека премногу внимание се посветува на „теориите на заговор“ околу случајот Епштајн.
Тој рече дека американскиот претседател е „фрустриран од неможноста на неговиот тим да го контролира наративот“ во врска со случајот, додека медиумите продолжија да шират информации за неговата поврзаност со Епштајн.
Иако Трамп ги негираше обвинувањата дека му испратил на Епштајн непристојна порака за роденден, приказната продолжи да доминира во јавноста, што, според изворот, предизвикало дополнителна нервоза во администрацијата.
Изворот понатаму истакнува дека Трамп и неговите соработници веруваат дека тие самите „ја отвориле Пандорината кутија“ кога дозволиле информациите за Епштајн да станат јавни.
Како што се шири случајот, некои републиканци во Претставничкиот дом изразуваат загриженост за можните политички последици, додека некои од нив веќе почнаа да се спротивставуваат на понатамошната дискусија за случајот Епштајн, пренесува Танјуг.
The post Извор: Трамп бесен поради извештаите за Џефри Епштајн appeared first on Локално.