Почеток СВЕТИзлезните анкети за изборите во Јапонија покажуваат дека ЛДП и Комеито го губат мнозинството, објави државната телевизија

Излезните анкети за изборите во Јапонија покажуваат дека ЛДП и Комеито го губат мнозинството, објави државната телевизија

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Излезните анкети за резултатите од денешните парламентарни избори во Јапонија за Горниот дом на Парламентот покажува дека Либерално-демократската партија (ЛДП) на премиерот Шигеру Ишиба и нејзиниот коалициски партнер Комеито го губат мнозинството, јавија светските агенции, повикувајќи се на јапонската државна телевизија Ен-Ејч Кеј (НХК).

Според излезните анкети, двете партии освојуваат вкупно меѓу 32 и 51 пратеничко место во 125-члениот дом, за кој се гласа денеска, наведуваат агенциите.

По изборите, Јапонија има рок до 1 август да склучи трговски договор со САД или да се соочи со казнени тарифи на својот најголем извозен пазар. Ваквите увозни тарифи би можеле да извршат притисок врз економијата и дополнителен притисок врз Владата да обезбеди финансиска помош за домаќинствата што веќе се погодени од инфлацијата, при што цените на оризот, на пример, двојно се зголемија минатата година.

Соочена со нестабилен пазар на државни обврзници, ЛДП повика на фискално штедење, отфрлајќи ги повиците на опозицијата за големи намалувања на даноците и трошоците за социјална помош за ублажување на ударот. Администрацијата на Ишиба го изгуби мнозинството во помоќниот Долен дом минатиот октомври. Најлошиот резултат на ЛДП во последните 15 години ги потресе финансиските пазари и го остави премиерот ранлив на гласање за недоверба што би можело да ја собори Владата и да предизвика нови општи избори.

Можно е и ова да ти се допаѓа