11
Утрово во 10.40 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од ОКР Карпош на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје ја лишија од слобода О.С. (47) од Скопје, која се барала со потерница поради бегство од КПУ Затвор Идризово.
Како што соопштува МВР, таа била осудена на казна затвор во траење од една година и осум месеци за сторено кривично дело по чл.247 од Казнениот законик.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, велат од МВР.
The post Измамничка од Скопје фатена по четири години поминати во бегство од затвор appeared first on Република.