Почеток Скопје Изминатиот викенд отстранети 115 кубни метри отпад во Скопје

Изминатиот викенд отстранети 115 кубни метри отпад во Скопје

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Eкипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена во текот на изминатиот викенд подигнаа и транспортираа 115 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров.

Од ЈП Комунална Хигиена информираат дека активностите се одвивале на улицата „Перо Наков“ во општината Гази Баба, каде што биле отстранети 70 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад, како и на улиците „Никола Парапунов“, во општината Карпош и „Христо Батанџиев“, во општината Ѓорче Петров, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри отпад од диви депонии.

Подигнати се и 20 кубни метри претежно градежен како и мешан комунален отпад од дива депонија лоцирана на Кејот „13 Ноември“, во непосредна близина на Народната банка.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro