7
Во израелски напад рано утринава, најмалку тројца медиумски работници се убиени во пансион во кој престојувале уште неколку други новинари, јавуваат либанските медиуми.
Во нападот на ИДФ загинале снимател и инженер кои работеле за проиранскиот медиум Ал-Мајадин и снимател кој работел за телевизијата Ал-Манар на Хезболах.
Другите новинари изјавиле дека во нападот директно бил погоден бунгаловот во кој спиеле членовите на споменатите медиуми, пренесуваат британските медиуми.
The post Израелската армија погоди хотел во кој биле сместени новинари, има загинати appeared first on Локално.