Почеток Израелската армија тврди: Убиен командантот на елитните сили на Хезболах, Абас Аднан Муслим

Израелската армија тврди: Убиен командантот на елитните сили на Хезболах, Абас Аднан Муслим

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Еден од командантите на елитните сили на Хезболах, Абас Аднан Муслим е убиен во неодамнешниот израелски воздушен напад во јужен Либан, соопшти утрово израелската армија.

Во соопштението се наведува дека Аднан Муслим е одговорен за бројните ракетни напади врз израелските војници и Израелците од областа Аитарун во јужен Либан, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелската армија посочува дека во текот на изминатиот ден извршила напади врз околу 200 цели на либанската милитантна група Хезболах во Либан.

Текстот Израелската армија тврди: Убиен командантот на елитните сили на Хезболах, Абас Аднан Муслим е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro