Почеток СВЕТ Израелски разузнавачки агенции: Иран се подготвува наскоро да го нападне Израел од територијата на Ирак

Израелски разузнавачки агенции: Иран се подготвува наскоро да го нападне Израел од територијата на Ирак

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Израелските разузнавачки агенции веруваат дека Иран се подготвува да го нападне Израел од ирачка територија во наредните денови, веројатно пред претседателските избори во САД, изјавија два израелски извори за веб-страницата Аксиос.

Извршувањето на нападот преку проирански милиции во Ирак, а не директно од иранска територија, може да биде обид на Иран да избегне нов израелски напад врз стратешки цели во Иран, наведува американскиот портал.

Неименуваните израелски извори рекоа дека израелските разузнавачи сугерираат дека се очекува нападот да биде извршен од Ирак со употреба на голем број беспилотни летала и балистички ракети.

Командантот на иранскиот корпус на револуционерната гарда, Хосеин Салами, изјави денеска дека Израел направил грешка кога го нападна Иран минатата недела и нагласи дека одговорот на Иран ќе биде „различен од секое сценарио“ што Израел може да го очекува.

Израелската армија го нападна Иран во ноќта меѓу 25 и 26 октомври, а за време на нападите, кои траеја пет часа, на мета биле 20 цели во таа земја.

Серијата експлозии се слушнаа околу Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври, кога беа лансирани повеќе од 180 ракети како одмазда за убиствата милитантните групи Хамас и Хезболах, како и агресијата во Газа и Либан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro