Странските агенции јавуваат дека воздушните напади се во тек на периферијата на Бејрут, помалку од еден час откако израелската армија им нареди на жителите да се евакуираат поради претстојните активности во областа.
Би-би-си пишува дека снимката покажува чад над Дахија, упориште на Хезболах на југот на градот.
Либанската државна Национална новинска агенција (ННА) објави дека зграда во Харет Хреик била двапати погодена.
Израел се уште не коментирал, но претходно воен портпарол нареди евакуација на жителите на Дахија и Харет Хреик.
„Вие сте блиску до објектите и интересите на Хезболах, против кои наскоро ќе дејствува израелската војска“, напиша портпаролот на X.