Во ноќта меѓу петокот и саботата, израелската армија изврши „прецизни напади врз воени цели во Иран“, наведувајќи дека овие напади се одговор на „неколкумесечните континуирани напади на иранскиот режим против државата Израел“ и дека израелскиот „одбранбените и офанзивните капацитети се целосно мобилизирани“.
– Режимот во Иран и неговите соработници во регионот од 7 октомври немилосрдно го напаѓаат Израел на седум фронта, вклучително и директни напади од територијата на Иран. Како и секоја друга суверена држава во светот, државата Израел има право и должност да одговори. (…) Ќе направиме се што е потребно за да ја одбраниме државата Израел и народот на Израел – соопшти израелската армија.