Почеток СВЕТ Израел обвини шест новинари од „Ал Џезира“ за поврзаност со терористички организации

Израел обвини шест новинари од „Ал Џезира“ за поврзаност со терористички организации

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Израелската војска денеска објави дека шест новинари од „Ал Џезира“ се членови на Хамас и Палестински исламски џихад (ПИД), пренесува весникот „Џерусалем пост“.
Војската тврди дека врз основа на разузнавачки податоци собрани во Газа, новинарите Анас аш Шариф, Ала Салама, Хосам Шбат, Ашраф ал Сараџ, Исмаил Абу Амр и Талал ал Аруки се поврзани со вооружените крила на „Хамас“ и ПИД.
Исмаил Абу Амр беше ранет пред неколку месеци во Газа при напад на израелската армија, а „Ал Џезира“ тогаш ги негираше обвинувањата.
Војската открила документи кои вклучуваат распоред за работа, курсеви за обука на терористи и документи за плати, што според нив ги докажува обвиненијата.
Според „Џерусалем пост“, овие новинари учествуваат во пропагандната војна на Хамас против Израел.

The post Израел обвини шест новинари од „Ал Џезира“ за поврзаност со терористички организации appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro