0
Израел очекува во следните 24 до 48 часа да знае дали САД ќе се приклучат на нападите на Израел врз Иран, изјави денес неименуван израелски функционер за „Тајмс оф Израел“.
„Очекуваме да се приклучат, но никој не врши притисок врз нив. Тие треба сами да одлучат“, рече функционерот.
Тој додаде дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац биле „координирани“ кога станувало збор за заканите против врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи.
„Кац секогаш дава изјави врз основа на она што му го кажува Нетанјаху. Тој не го прави тоа сам“, рече функционерот.