После изборот за носител на листата на СДСМ Кичево за локалните избори оваа есен, кај членовите на партијата изби големо незадоволство и разочарување.
Од ваквиот избор разочаран член вели дека носителот на листата речиси и да не бил никогаш активен а и работел во интерес на други партии.
Имно, на социјалната мреже на Фејсбук член на СДСМ дирекно и обраќа на потпретседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, за тоа до кога со ваков избор ќе терале.
-Почитувана до кога со ваков избор за носител на листа во ОО СДСМ Кичево, за локалните избори тотелен промашај 20 години. Не работи за СДСМ, нонстоп плукаше, вреѓаше, не се појавуваше на ниту еден митинг или трибина, а камо ли состанок, работеше само за интересот на ДПМНЕ и тој е носител. Има ли некој да реагира и вака ли ќе се враќа СДСМ, и пишува на ѕидот на Фејсбук профилот на потпретседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, разочараниот нивни член од ОО Кичево.