Почеток Скопје Инфраструктурна револуција во Ѓорче Петров

Инфраструктурна револуција во Ѓорче Петров

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Општина Ѓорче Петров успешно реализира уште една започната реконструкција со вкупно нови 5,322 квадратни метри коловоз.

Успешно завршивме со реконструкцијата на следните улици:
• 3122 квадратни метри нов коловоз Улица „Исаија Мажовски“ (Хром)
• 2300 квадратни метри нови улици во Стопански двор и Волково
• Улица 51 (Стопански Двор)
• Улица 31 (Волково)
• Улица 49 (Волково)

Овие подобрувања значат помалку незгоди и поголема безбедност за сите нас, објави Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров, на својот фејсбук профил.

-Започнаа и работите на пешачката улица во населба Александрија, а во Волково се поставува нова канализациона мрежа на улица „35“, што ќе обезбеди подобри услови за живот.
Овие проекти не само што ја подобруваат инфраструктурата, туку и квалитетот на животот во нашата заедница. Со секој нов асфалтиран метар, работиме за побезбедна и подобра иднина за сите нас. Заедно, создаваме современо и урбано Ѓорче Петров!, потенцираше Стојкоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro