Почеток СВЕТ Иран е подготвен да разговара за ограничувањата за збогатување на ураниум

Иран е подготвен да разговара за ограничувањата за збогатување на ураниум

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Иран е подготвен да разговара за ограничувањата за збогатување на ураниум, изјави во понеделник неименуван висок ирански функционер.

Тој за Ројтерс изјави дека улогата на европските сили сега е поизразена бидејќи Техеран не е подготвен да соработува со САД поради израелските напади.

„Треба да ја слушнеме „иницијативата“ на Е3 за нуклеарното прашање“, рече неименуваниот ирански функционер.

Според него, нултото збогатување сигурно ќе биде отфрлено, особено во време кога се во тек израелските напади.

Неформалната безбедносно-политичка група Е3 е составена од Велика Британија, Франција и Германија.

Денес, иранскиот претседател Масуд Пезизкијан изјави дека конфликтот Иран-Израел мора да биде запрен без никакви услови, но на Техеран му се потребни гаранции дека нема да има повеќе израелски „авантури“.

„Секогаш сме барале мир и спокојство, но во сегашните околности, единствениот начин да се заврши војната е да се запре агресијата на непријателот без никакви услови, како и гаранција дека авантурите на ционистичките терористи ќе завршат засекогаш“, напиша Пезешкијан на X.

Во спротивно, рече тој, Иран ќе даде поостар одговор.

Одделно, израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да ги засилат нападите врз „режимските цели во Техеран“ со цел да го дестабилизираат.

Текстот Иран е подготвен да разговара за ограничувањата за збогатување на ураниум е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro