Почеток Иран предупреден од Белата куќа за последиците ако одговори на новите израелски напади

Иран предупреден од Белата куќа за последиците ако одговори на новите израелски напади

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Белата куќа соопшти дека вечерашните израелски напади врз Иран треба да ги прекинат директните напади меѓу двете земји, истовремено предупредувајќи го Техеран за последиците доколку одговори.

Висок функционер на Белата куќа рече дека администрацијата верува дека израелската операција треба да ја „затвори директната воена размена“ меѓу Израел и Иран, и оти другите сојузници на САД се согласуваат.

Израел во текот на ноќта нападна воени цели во Иран како одговор на ракетните напади на Техеран претходно овој месец.

Иран соопшти дека неговиот систем за противвоздушна одбрана „успешно се спротивставил на израелските напади врз воени цели во провинциите Техеран, Кузестан и Илам со ограничена штета на некои локации“.

Текстот Иран предупреден од Белата куќа за последиците ако одговори на новите израелски напади е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro