Иран, Русија и Кина утре се среќаваат за да разговараат за нуклеарната програма на Иран и ризикот од повторно воведување санкции преку механизмот на ОН за автоматско враќање на санкциите, изјави денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.
Велика Британија, Франција и Германија, познати како Е3, предупредија дека ќе го користат овој механизам, кој повторно би вовел меѓународни санкции врз Иран, доколку до крајот на август не се постигне напредок во нуклеарните преговори, објави Ројтерс.
„Постојано се координираме со овие земји за да спречиме (активирање на механизмот за враќање) или да ги ублажиме неговите последици“, рече Багеи, додавајќи дека Велика Британија, Франција и Германија немаат правна основа за активирање на механизмот.
Фото: принтскрин
Текстот Иран, Русија и Кина утре на средба за нуклеарната програма е превземен од МАКФАКС.