Почеток БАЛКАН Итна евакуација на аеродромот во Сараево поради дојава за бомба

Итна евакуација на аеродромот во Сараево поради дојава за бомба

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Меѓународниот аеродром во Сараево денеска е евакуиран поради закана за бомба. Како што јави Радио Сараево, сите патници се итно евакуирани.

Истовремено, прекинати се сите летови, а во тек е и контрадиверзантска проверка која може да потрае неколку часа.

„По добиената анонимна дојава за наводно поставување експлозивни направи во реонот на меѓународниот аеродром во Сараево, надлежните служби веднаш ги презедоа сите неопходни мерки согласно важечките безбедносни протоколи. Се спроведува детален контрасубверзивен преглед. Во соработка со надлежните безбедносни агенции се обезбедува целосна безбедност на сите патници и вработени на аеродромот“, се вели во соопштението на аеродромот.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro