Почеток Црна ХроникаИТНА ИНТЕРВЕНЦИЈА: Потрага по исчезнато 16-годишно девојче во реката Вардар

ИТНА ИНТЕРВЕНЦИЈА: Потрага по исчезнато 16-годишно девојче во реката Вардар

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици беше примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско.

Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот – сестра на 16-годишното девојче – која, во видно вознемирена состојба, побарала итна помош. Набргу потоа, се јавил и доктор од ИМП Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.

По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ги извести надлежните институции – СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување – со барање за итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.

Според последните информации од терен, на локацијата е присутна екипа на МВР со чамец, а 26-годишната жена е пронајдена жива.

Потрагата по 16-годишното девојче продолжува.

Можно е и ова да ти се допаѓа