Почеток МАКЕДОНИЈА ИЈЗ со препораки за заштита од штетното влијание на пожарите: Останете во затворена просторија со што помалку отвори кон надвор

ИЈЗ со препораки за заштита од штетното влијание на пожарите: Останете во затворена просторија со што помалку отвори кон надвор

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Институтот за јавно здравје објави серија препораки за граѓаните во однос на масовните пожари кошто горат околу Скопје, но и на неколку места во цела Македонија

Останете информирани
Следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за информирање (радио, ТВ) или мобилни апликации.
Почитувајте ги сите наредби за евакуација или засолнување.

Ограничете го изложувањето на чад
Држете ги прозорците и вратите затворени.
Исклучете клима уреди и вентилација што внесува надворешен воздух.

Засолнете се во безбеден простор
Останете во затворена просторија со што помалку отвори кон надвор.
Запечатете ги процепите околу прозорците и вратите со влажни крпи или самолеплива лента.

Користете соодветна заштитна опрема
Ако морате да излезете, користете маска што филтрира честички. Најефикасна заштита обезбедуваат маски со филтер од типот FFP2, FFP3, N95 или специјални противгасни маски со филтри за органски и неоргански гасови.
Доколку немате професионална маска, прекријте го носот и устата со влажна крпа или пешкир додека се евакуирате (ова е само привремена и ограничена заштита).

Заштита на ранливи групи
Децата, постарите лица, бремените жени и лицата со хронични болести да останат во најзаштитените простории.
При појава на симптоми (отежнато дишење, кашлица, вртоглавица), веднаш побарајте медицинска помош.

Подгответе се за евакуација
Подгответе торба со најважните документи, лекови, вода, храна и средства за лична заштита.
Знајте ги најкратките и најбезбедни патишта за евакуација.

Прва помош при изложеност на чад или изгореници
Ако некој има симптоми на труење со чад, изнесете го на свеж воздух и побарајте медицинска помош.

Комуникација
Останете во контакт со семејството и соседите, особено со ранливите лица.
Известете ги надлежните служби за лица што имаат потреба од помош.

The post ИЈЗ со препораки за заштита од штетното влијание на пожарите: Останете во затворена просторија со што помалку отвори кон надвор appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro