Почеток МАКЕДОНИЈА И втората анализа потврди дека водата за пиење ги задоволува параметрите за употреба

И втората анализа потврди дека водата за пиење ги задоволува параметрите за употреба

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

И втората анализа на вода, направена вчера во фабриката за вода и три други места низ градот ги задоволува параметрите за употреба за пиење, објави комуналното претпријатие „Комуналец“ – Струмица.

Според објавеното испитување од акредитираната лабораторија „Проанализ“ од Струмица, испитуваната вода за пиење содржи манган во рамките на дозволеното, а и останатите параметри се во рамки на дозволените граници.

Освен од фабриката за вода, испитувани се примероци од училиштата „Сандо Масев“ и „Димитар Влахов“, како и од градинката „Клон 6“.

Струмица и шест населени места веќе три недели се без вода за пиење, а од 8.10.2024 година, водата за пиење е забранета за употреба и во Општина Василево, која исто како и Струмица со вода се снабдува од акумулацијата „Турија“.

Од средата водата за пиење е забранета и во општина Босилово, а населението се снабдува од канистри.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro