Откако racingnews365.com објави претходно оваа недела дека тимот на Кадилак го избрал Валтери Ботас за прв возач, истото издание сега објавува дека Серхио Перез ќе биде тимски колега на Финецот во дебитантската сезона на тимот во Формула 1 следната година.
За разлика од Ботас, кој моментално е резерва во Мерцедес, Перез е без тим откако го изгуби местото во тимот на Ред Бул на крајот од минатата година. Сепак, Мексиканецот никогаш не ги криел своите амбиции да се врати како стартер на стартната решетка и се чини дека тоа ќе се случи во 2026 година.
Се очекува Кадилак официјално да ги објави и претстави Ботас и Перез во текот на следната недела, непосредно пред да продолжи сезоната 2025 по едномесечната летна пауза. Перез веројатно ќе се приклучи и на тест програмата на Ферари за 2023 година што Кадилак планира да ја спроведе во втората половина од годината како дел од подготовките за влез во светското првенство.
Како што е познато, Кадилак ќе ги користи погонските агрегати на „Ферари“ во 2026 и 2027 година, пред да премине на свои од сезоната 2028 година.
The post Кадилак го избира Серхио Перез за втор возач appeared first on Локално.