Почеток Казни од илјадници евра ако возите и разговарате на мобилен во Грција

Казни од илјадници евра ако возите и разговарате на мобилен во Грција

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Грција воведува ригорозни казни за возачите кои разговараат на мобилен телефон додека возат.

Наместо одземање на возачката дозвола на два месеци ако полицијата ве фати дека возите и зборувате на мобилен телефон, со ново законско решение сега се воведуваат казни од илјадници евра, но и затворска казна ако притоа предизвикате сообраќајна несреќа.

Според новото законско решение првиот пат кога ќе ве фатат во ваква ситуација казната е 350 евра, а вашата возачка дозвола ќе биде одземена еден месец. Доколку тоа ви се случи вторпат казната е 1.000 евра и добивате шестмесечна забрана за возење, а по третпат казната е 2.000 евра, а забраната за возење е една година.

Ако пак употребата на телефонот доведе до сообраќајка, казната може да биде до 4.000 евра, а возачката дозвола ќе ви биде одземена до осум години. Доколку несреќата има сериозни последици, може да добиете затворска казна од 10 години за тешка телесна повреда, а до 20 години за смрт.

Доколку пак во сообраќајката се повредени повеќе од едно лице, можна е дури и доживотна казна затвор.

Законот важи и за туристи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казни од илјадници евра доколку возите и зборувате на мобилен во Грција, во Македонија казната е само 45 евра

The post Казни од илјадници евра ако возите и разговарате на мобилен во Грција appeared first on еМагазин.