Почеток СВЕТ Камала Харис гласала по пошта

Камала Харис гласала по пошта

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Потпретседателката на САД и демократски кандидат за претстојните претседателски избори, Камала Харис, денеска изјави пред новинарите дека го искористила своето право на глас, пополнувајќи го гласачкото ливче кое неодамна го испратила по пошта во Калифорнија, каде што е регистрирана.

„Всушност само го пополнив моето гласачко ливче и го испратив по пошта. Затоа гласав“, им рече Харис на новинарите во Детроит, објави Си-Ен-Ен.

По дополнителното прашање дали гласачкото ливче е вратено, таа рече дека нејзиното гласачко ливче е на пат за Калифорнија и дека ќе му верува на системот дека ќе стигне таму.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro