Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Камион се заби во толпа луѓе на автобуска постојка во Израел, десетици се повредени: Постои сомнение за терористички напад

Камион се заби во толпа луѓе на автобуска постојка во Израел, десетици се повредени: Постои сомнение за терористички напад

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Израелските служби за итни случаи соопштија дека десетици луѓе се повредени кога на нив налетал камион на автобуска постојка на раскрсницата Глилот пред Тел Авив.

Полицијата соопшти дека на „местото на нападот“ дошле десетици полицајци, за кој се истражува и постои сомнение дека е терористички чин.

Подоцна беше објавено дека возачот на камионот бил застрелан од вооружени цивили.

Шеснаесет повредени лица се пренесени во болница, меѓу кои четворица се во тешка состојба, јавија израелските медиуми.

Главниот штаб на Мосад и неколку воени единици се наоѓаат во областа Глилот.

Првите резултати од истрагата покажале дека автобусот застанал на станицата пред базата Глилот на израелската армија, за патниците да излезат, а во исто време камионот налетал на луѓето на таа станица.

AP Photo/Oded Balilty
Беше прецизирано дека се повредени 24 лица. Се истражуваат сите детали и мотивите за овој напад.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro