Шпанскиот фудбалер Алваро Карерас конечно беше претставен како нов играч на Реал Мадрид.
Трансферот на левиот бек од Бенфика во најтрофејниот европски клуб е завршен. Бенфика ќе биде побогата за 50 милиони евра, а 22-годишникот потпиша шестгодишен договор.
– Доаѓањето во Реал за мене значи сè на светот. Само сакав да дојдам тука. Дојдов тука како момче, а сега се враќам како маж. Ветив дека ќе дадам сè што имам. Ќе се борам секоја минута на теренот и ќе дадам апсолутно сè – рече Карерас.
Карерас помина три години во младинските редови на Реал Мадрид, пред да замине во Манчестер Јунајтед. Таму не играше фудбал, па беше позајмен во Престон Норт Енд и Гранада, пред да дојде во Бенфика во 2024 година.
Во лисабонскиот гигант одигра 68 натпревари и постигна пет гола.
The post Карерас: Доаѓањето во Реал за мене значи сè на светот appeared first on Локално.