Ова ќе биде последна сезона за Карло Анчелоти како тренер на Реал Мадрид, се чека само официјално да објави шпанскиот фудбалски клуб.
Италијанскиот стратег ќе биде нов селектор на бразилската репрезентација, неколку извори наведуваат дека се чека само официјално соопштение, но и се шпекулира дека чека богат договор во Саудиска Арабија.
По дербито со Барселона, популарното „Ел Класико“ кое е закажано за 11 мај, Реал Мадрид и Анчелоти ќе се разделат на начин што им одговара на двете страни.
Атлетик беше првиот што објави дека Анчелоти ќе го напушти Реал на крајот од сезоната и ќе седи на клупата за Бразил, па ќе видиме што нè чека.