Почеток СПОРТ Картите за Македонија – Летонија и Македонија – Фарски Острови во продажба од понеделник

Картите за Македонија – Летонија и Македонија – Фарски Острови во продажба од понеделник

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Македонската фудбалска репрезентација на 14 и 17 ноември ја очекуваат двата последни натпревари во Лигата на Нациите. Од ФФМ денеска информираат дека во понеделник ќе бидат пуштени во продажба картите за дуелите со Летонија и Фарските Острови.

Картите ќе се продаваат низ мрежата на Мк-Тикетс.

Цената на влезниците е 200 денари за источната и западната трибина, односно 400 денари за северната и јужната.

Репрезентацијата ќе се собере во понеделник во Скопје каде ќе бидат одработени мини подготовките.

Првиот меч против Летонија ќе се игра на 14 ноември (20.45 часот), а три дена подоцна (17 ноември – 15 часот) е дуелот со Фарските Острови.

The post Картите за Македонија – Летонија и Македонија – Фарски Острови во продажба од понеделник appeared first on .

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro