4
Поголемиот дел од британските медиуми немаат дилема дека челниците на Ливерпул и на Арсенал ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на грузискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Квича Кварацкелија. Истите медиуми додаваат дека челниците на Наполи ќе седнат на преговарачката маса само доколку официјалната понуда не биде помала од 100 мил. евра.