Почеток ЕКОНОМИЈА Кина бележи најголем раст на извозот во последните 19 месеци

Кина бележи најголем раст на извозот во последните 19 месеци

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вредноста на кинескиот извоз во октомври се зголеми со најбрзо темпо во последните 19 месеци, за 12,7 отсто на годишно ниво, на 309,06 милијарди долари, објави денеска Генералната управа на царината на Кина.

Резултатот значително ги надмина проценките на аналитичарите на Ројтерс, кои очекуваа побавен годишен раст на извозот од 5,2 отсто. Кинескиот извоз претходно порасна за 2,4 отсто на годишно ниво во септември, а за 8,7 отсто во август, пренесува CNBC.

Силниот раст на извозот се должи на одложените испораки во октомври поради подобрените временски услови, тековните намалувања на цените и традиционалниот врв на сезоната на продажба што трае до Божиќ, рече главниот економист на JLL за Кина, Брус Панг.

Во октомври кинескиот извоз во САД порасна за 8,1 отсто на годишно ниво, додека увозот порасна за 6,6 отсто.

Кинескиот извоз во Европската унија е зголемен за 12,7 отсто на годишно ниво, додека увозот е намален за повеќе од шест отсто, се додава во анализата на американската медиумска компанија. Кина очекува економски раст од 4,8 отсто во 2024 година и 4,5 отсто во 2025 година, според сегашната прогноза на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Властите во Пекинг се борат со сложената ситуација во секторот на недвижности и слабата побарувачка и се обидуваат да ја стимулираат домашната побарувачка со фискални мерки за Кина да го постигне планираниот годишен економски раст од околу пет проценти на крајот на годината, наведе претходно „Блумберг“.

The post Кина бележи најголем раст на извозот во последните 19 месеци appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro