Почеток СВЕТ КИНА ВО ВСЕЛЕНАТА: Леталото „Божествен брод 19“ со тројца астронаути денеска се прикачи на вселенската станица во Земјината Орбита

КИНА ВО ВСЕЛЕНАТА: Леталото „Божествен брод 19“ со тројца астронаути денеска се прикачи на вселенската станица во Земјината Орбита

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Кинеското вселенско летало „Шенжу-19“ („Божествен брод 19“) денеска се прикачи на кинеската вселенска станица во Земјината Орбита, пренесоа светските агенции.

На вселенскиот брод има тројца астронаути меѓу кои и една жена. Тие непречено слетаа на Вселенската станица „Тијангонг („Небесна палата“) во 4:00 часот по македонско време.

Со ова, Кина станува вселенска сила, со свое вселенско летало со екипаж во Космосот.

Главната цел на оваа азиска држава е со свое летало да слета на Месечината во догледно време, пренесуваат западни медиуми. Исто така, наводно, се планира и изградба на нова меѓународна научноистражувачка база на природниот сателит на Земјата.

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro