Кинескиот премиер Ли Чјианг го најави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрана на светот, на источниот раб на Тибетската Висорамнина. Се смета дека за проектот ќе се потрошат 170 милијарди долари, јавија светските новински агенции.
Проектот ќе се состои, всушност, од 5 каскадни хидроелектрани, поставени на долниот тек на реката Јарлунг Замбо, а нејзината изградба и работење ќе имаат влијание врз милиони луѓе низводно, во Индија и Бангладеш. Во овие земји се стравува дека ќе се намали дотокот на вода до нив.
Кинеските власти не наведуваат колку луѓе ќе бидат раселени и како изградбата и работењето на хидроелектраната ќе влијае на екосистемите, односно на природата.
Капацитетот на овој хидроенергетски објект би бил околу 300 милијарди киловатчасови годишно и се очекува снабдувањето од него да ги задоволи потребите за струја во Тибет и други соседни областа во Кина.
The post Кина на Тибет ја гради најголемата хидроелектрана на светот, Индија и Бангладеш загрижени appeared first on Локално.