Австралискиот тенисер Ник Кирјос не престанува да го критикува Јаник Синер по скандалот со допинг.
Синер двапати не го помина тестот минатата сезона поради клостебол, а на почетокот на оваа година отслужи тримесечна суспензија.
Италијанецот го отпушти Умберто Ферара, тренерот за кондиција вклучен во скандалот, пред последниот почетокот на Ју-ес опен минатат година, но во меѓувреме одлучи да го врати во тимот.
„За жал, ова не е Тенис Центар“, напиша Кирјос на социјалната мрежа „X“, осврнувајќи се на страницата што „измислува“ тениски вести.
После тоа имаше уште еден коментар.
„Го врати истиот доктор. Измамени сме, дами и господа“, додаде Киргиос.
Фото/ Принтскрин
Unfortunately this isn’t @TennisCentel https://t.co/zawOhkz7KQ
— Nicholas Kyrgios (@NickKyrgios) July 23, 2025
Текстот Кирјос повторно удри по Синер: Измамени сме, дами и господа е превземен од МАКФАКС.