Почеток БАЛКАН Клопчето се одмотува: Чичкото на момчето кое изврши терористички напад во Босанска Крупа е поврзан со вахабистичкото движење

Клопчето се одмотува: Чичкото на момчето кое изврши терористички напад во Босанска Крупа е поврзан со вахабистичкото движење

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Осум лица досега се уапсени во полициската акција по терористичкиот напад, во кој малолетник влегол во полициската станица во Босанска крупа и со нож убил еден, а уште еден полицаец тешко ранил.

Чичк отона извршителот на терористичкиот напад и претходно и бил познат на полицијата како припадник на вахабистичкото движење, поради што и досега бил сослушуван, потврди Федералната полициска управа. Според ФУП, тој моментално се наоѓа во Хрватска.

Едно лице е уапсено на Бихаќ, додека седум лица се уапсени во Босанска Крупа – сите се осомничени за поврзаност со терористички организации, како што потврди портпаролот на МУП на Унско-санскиот кантон, Аднан Бегановиќ.

„Синоќа беа извршени повеќе претреси на подрачјето на градот Бихаќ и Босанска Крупа. Едно лице е уапсено на Бихаќ, родено 1971 година во Босанска Крупа, со сегашно живеалиште Бихаќ“, изјави Бегановиќ.

Тој додаде дека во акцијата учествувале полициски службеници од секторот криминалистичка полиција на УСК, заедно со единицата за поддршка и асистенција на СИПА.

Сите претреси се извршени во врска со кривичното дело тероризам, кое е поврзано со нападот на полициската станица во Босанска Крупа.

Федералната полициска управа преку меѓународна полициска соработка стапи во контакт со ЕУРОПОЛ со цел да собере корисни информации во врска со профилот на социјалните мрежи што ги користи малолетниот прекршител.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro