Почеток КУЛТУРА Книжевен разговор со Димковска, Димитрова и Алијевиќ; добитници на признанието „Штефица Цвек“

Книжевен разговор со Димковска, Димитрова и Алијевиќ; добитници на признанието „Штефица Цвек“

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На 1 ноември со почеток во 19:00 часот, во центарот „Комитет“ во Скопје ќе се одржи неформален разговор – книжевен кружок со македонските автор(к)и што оваа и минатата година го добија регионалното книжевно признание „Штефица Цвек“ – Лидија Димковска („Единствен матичен број“), Калиа Димитрова („Во хаосот радост“) и Стефан Алијевиќ („Вечерен автобус“ ). Ана Аврамовска, писателката што, исто така, беше меѓу наградените, ќе има видеообраќање. Овој настан им е посветен и на сите автор(к)и што влегоа во поширокиот круг на признанието.

Целта на регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ е афирмација на бунтовните писателски и читателски практики, односно на феминистичките, квир, деколонијални, марксистички и еколошки ангажирани перспективи. Признанието се доделува трета година по ред, а во изборот влегуваат авторки и автори од Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ и од Хрватска. На настанот, локалниот организациски тим ќе ги претстави идејата зад наградата и процесот и критериумите за селекција на книгите. Освен дискусија за четирите наградени дела од Македонија, ќе се разговара и за сфаќањето на ангажираната книжевност, релациите на македонската книжевна сцена со регионот, преобмислувањето на книжевните ритуали, процеси и канони итн. Книжевниот избор „Штефица Цвек“ оваа година го имплементираа организациите „Naratorium“ (БиХ), „Pobunjene Citateljke“ (Србија), „Kulturtreger/Booksa“ (Хрватска) и Коалиција Маргини (Македонија).

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro