Почеток Кога има мнозинство од 78 пратеници, непотребно е да се размислува за предвремени избори, тоа е само трошок, вели Меџити

Кога има мнозинство од 78 пратеници, непотребно е да се размислува за предвремени избори, тоа е само трошок, вели Меџити

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Предвремени парламентарни избори заедно со локалните в година, за министерот за животна средина, Изет Меџити, се само трошок и губење време оти Владата е стабилна. На предвремени избори минатата недела, на седница за пратенички прашања, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го предизвика премиерот Христијан Мицкоски, кој прифати и од говорницата во Собранието предложи тие да се одржат веќе в година заедно со редовните локални избори.

„Од деведесеттите досега немало постабилна влада и немало поголемо мнозинство од ова, 78, и тоа расте, сигурно за кратко време ќе надмине и 80, а тоа е две третини од Собранието. Тоа е доволен коментар. За државата и за граѓаните, кога имаш мнозинство од 80 пратеници, непотребно е да се размислува за предвремени изброи бидејќи тоа е само трошок за државата и е губење време. Секое прогласување избори значи дека шест месеци пред и по изборите запираат сите постапки, сите јавни набавки, вработувања и тоа многу влијае на економијата и на бизнисот. Со нови избори нема да бидат среќни оние што сакаат да работат, а тоа е бизнисот во оваа држава“, рече министерот Меџити денес по посетата на депонијата „Дрисла“.

Премиерот Мицкоски мината недела на седницата за пратенички прашања, одговарајќи му на Филипче, кој побара избори, рече: „Ако сакате да одиме на избори, да се провериме, заедно со локалните може да одиме. Сега веднаш да ја договориме работата, но да не се удавите во длабокото“.

Филипче претходно побара премиерот да го врати мандатот поради изјавите дека тоа ќе го направи ако некогаш каже Северна.

„ Па ајде премиеру, еве сега е шанса во Собранието да го вратите мандатот. Наместо тоа, вие и вашите министри на мала врата почнавте да го користите уставното име, а некои богами и со гордост го изговараат. Покажавте дека вашата политика нема ‘рбет’“, рече Филипче во Собранието и предизвика низа реакции од власта и од опозицијата.

Текстот Кога има мнозинство од 78 пратеници, непотребно е да се размислува за предвремени избори, тоа е само трошок, вели Меџити е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro