НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, заедно со Друштвото на писателите на Македонија и ПЕН центарот во Македонија, Ве покануваат на комеморацијата за писателот-великан Михаил Ренџов (1936-2024).
Свеченото збогување ќе се одржи на 21 октомври (понеделник) во 12:00 часот во Центарот за култура и студии во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Говорници на комеморацијата ќе бидат Јовица Никчевски (директор), д-р Владимир Мартиновски (претседател на ПЕН центарот во Македонија), Гордана Михаилова Бошнакоска (Друштво на писателите на Македонија) и д-р Марина Мијаковска (НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје).
Слика: Михаил Ренџов насликан од Никола Пијанманов за насловната страница на „Стожер“ бр. 132, 2019
The post Комеморација за писателот-великан Михаил Ренџов (1936-2024) appeared first on ekran.