6
Зелените од Гази Баба на саркастичен начин го опишале оставањето на се и сешто до контејнерите.
За тоа што до контејнер се нашла дури и WC шоља тие велат: „ Конечно и град Скопје доби јавни тоалети. Нам не ни требаат“. Сето ова тие го поткрепиле и со фотографија.
Ова доволно зборува за моменталната состојбата со хигиената во градот, за која сеуште градските власти и јавното претпријатие Комунална Хигиена никако да најдат решение, но и за недостатокот на јавни тоалети во главниот град.