Почеток МАКЕДОНИЈА Костадинов најавува интерпелација за Трипуновски поради проблемот со водата

Костадинов најавува интерпелација за Трипуновски поради проблемот со водата

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, заедно со раководството на ЈПКД „Комуналец“, изрази надеж дека проблемот со водата за пиење во Струмица и шест околни населени места ќе биде решен во наредните денови. Тој очекува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да издаде решение за безбедноста на водата, откако ќе бидат завршени сите потребни анализи.

„По две направени анализи од акредитирана лабораторија за хемиско-физичкиот состав и една анализа за присуство на бактерии, имаме докази дека водата е чиста и безбедна за пиење. Чекаме уште резултатите од Институтот за јавно здравје за финална потврда“, изјави Костадинов на прес-конференцијата.

Костадинов ги осуди неодамнешните донации на вода за пиење, потенцирајќи дека „немаше никаква потреба за донации, особено што една компанија од Кавадарци донираше директно на политичка партија“.

Според градоначалникот, недозволиво е што за целиот овој период не се одржала средба за да се утврди изворот на манган во водата од браната Турија. Тој додаде дека пратениците на СДСМ ќе поднесат интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, бидејќи тој не се појавил во Струмица за да даде објаснување за проблемот.

Костадинов заврши со прашање зошто водата во општините Василево и Босилово сè уште не е безбедна за пиење и зошто нема информации за тоа.

The post Костадинов најавува интерпелација за Трипуновски поради проблемот со водата appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro