Кошаркарската репрезентација на Македонија е во Гевгелија, каде што ќе ги продолжи подготовките за претквалификациските борби на пат кон Мундобаскетот.
Избраниците на Марјан Илиевски досега тренираа во Скопје, а сега се преселија во Гевгелија за каде се планирани по два тренинзи дневно.
Сениорите го одработеа првиот тренинг во Гевгелија и ги продолжија подготовките за главниот предизвик. Во тренажниот процес се приклучи Виктор Ташовски кој допатува со репрезентацијата како замена за Марин Петков кој има стомачни проблеми.
На Македонија ѝ следуваат два пријателски натпревари против селекцијата на Швајцарија на 25 и 26 јули. Потоа во август ќе се одиграат четири меча, по два против Унгарија и Романија кои ќе ги решат патниците во главната фаза од квалификациите за Светското првенство.