Пченката не мора само да се вари или пече! Можете да ја користите и за да направите одлична крем супа која е толку заситувачка што може да се сервира како самостоен оброк.
Кремаста супа од пченка е полна со вкус, освежителна и се подготвува многу брзо и лесно, па затоа е одличен избор за летните денови. Погледнете го рецептот:
Крем супа од пченка
црвен кромид
2 лажици масло
1 лажичка мелена црвена пиперка
200 г варена пченка (конзервирана или замрзната)
1 лажичка сол
половина лажичка бибер
300 мл млеко
200 мл вода
1 лажица маскарпоне сирење (или 3 лажици павлака за готвење)
по желба: лута мелена пиперка
Подготовка:
-Исечкајте го кромидот на еднакви парчиња, па пржете го во врело масло (користете тава во која лесно можете да ја блендирате супата).
-Додадете сол на кромидот и пржете уште неколку минути додека не омекне, мешајќи повремено.
-Кога кромидот ќе омекне, додадете една лажичка црвена пиперка и промешајте.
-Веднаш додадете пченка, измешајте и прелијте со млеко и вода.
-Зачинете со бибер и, ако сакате полуто, додадете лута пиперка.
-Доведете ја чорбата до вриење, потоа намалете ја топлината и гответе 10 минути.
-По 10 минути, внимателно изблендирајте ја чорбата.
-Вратете ја чорбата на шпоретот, додадете една лажица маскарпоне сирење и гответе додека сирењето не се стопи.
-Пробајте и зачинете по ваш вкус.
-Сервирајте со препечени коцки леб и свежи билки по желба! Пријатен апетит!
The post Кремаста чорба од пченка: Освежителна и идеална за брз летен ручек appeared first on Локално.