Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Кремљ ги демантираше западните медиуми: Лага е дека Путин контактирал со Маск

Кремљ ги демантираше западните медиуми: Лага е дека Путин контактирал со Маск

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков денеска изјави дека информациите што ги објави Волстрит журнал за контактите меѓу Владимир Путин и американскиот бизнисмен Илон Маск се лажни.

„Не, сето тоа се невистинити, апсолутно лажни информации објавени во Wall Street Journal“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали Путин имал контакт со Маск по 2021 година.

На прашањето да го коментира написот во американскиот весник дека Русија им пренела сателитски податоци на јеменските бунтовници, што им овозможило да извршат ракетни напади врз западни бродови во Црвеното Море, Песков рече дека не ја прочитал статијата и дека во американските медиуми има „многу лаги за Кремљ“, пренесува РИА Новости.

„За жал, во овој напис и во други американски изданија во последно време има толку многу невистини што немаме навика да ги читаме овие списанија, бидејќи повеќе не ги гледаме како веродостојни весници“, рече Песков.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro