7
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против И.Ф.(49) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
-Тој, на 09.07.2025 година во 10.38 часот, за време на рочиште во судница при Основниот суд во Дебар, физички го нападнал М.Д., адвокат од Гостивар, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.