Пратеникот на Левица, Борислав Крмов денеска од собраниската говорница му порача на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски дека „заради него и останатите парламентарни групи“, Левица не може да спречи предлог-закони туку само може да ги одложи. Ова следува откако денеска на собраниската седница треба да се најдат предлог-закони за ваучерите и зголемувањето на пензиите.
-Ќе биде одложено за еден час и тоа не е ништо страшно. Бидејќи вие се буните и ви смета нашето барање за пауза, ве охрабрувам да ја поттикнете генералната секретарка (на Собранието) да ја исполни обврската кон нашата пратеничка Јована Мојсоска. Ние тука зборуваме за вашите милионски суми на патни трошоци веќе со месеци само затоа што легитимно барање кон нашата пратеничка не е исполнето. Тоа е всушност деградирање на Собранието и трошење на времето на пратениците, кажа Крмов по што побара еден час пауза за да им се достават документите со патните трошоци и кирииите на пратениците.
Претходно координаторот на пратеничката група на Левица побара од претседавачот со седницата, Антонио Милошоски да го опомени Мицевски да не го злоупотребува процедуралното обраќање од говорница. На тоа, Милошоски одговори: „Многу е крупен, стварно е непријатно“.
Следствено на тоа, Крмов возврати:
„Еве имаме обезбедување во Собранието, па викнете поддршка ако ви треба“.
The post Крмов побара од Милошоски да го опомени Мицевски, потпретседателот на Собранието одговори дека пратеникот „многу е крупен“ appeared first on Локално.