Фудбалерот на Челзи, Марк Кукуреља, призна дека бил „преплашен“ од Доналд Трамп кога американскиот претседател одеднаш стана централен фигура на прославата на Светското клупско првенство.
Трамп стана неочекуван учесник во прославата по победата од 3:0 против ПСЖ, задржувајќи се на сцената додека капитенот Рис Џејмс го креваше трофејот.
Додека играчите славеа на стадионот „Мет Лајф“, Трамп продолжи да стои меѓу нив, аплаудирајќи и смеејќи се, на општо изненадување на сите присутни, особено на Кол Палмер. Во разговор со шпанскиот новинар Херардо Ромеро, Кукуреља ги откри деталите од необичната ситуација.
„Ни беше кажано дека Доналд Трамп ќе дојде да го додели трофејот и дека, според протоколот, не смееме да го креваме додека не ја напушти сцената. Секако, сите чекавме да си замине, но тој едноставно не сакаше да си замине. Го погледнавме, а тој рече: „Само кренете го, останувам тука“. Се прашував кој би се осмелил да му каже нешто… Бев преплашен!“, рече шпанскиот дефанзивец.
Кол Палмер, кој беше херој на победата со два погодоци, беше особено изненаден. „Што прави?“ ги праша своите соиграчи.
Подоцна, беше малку порезервиран, но исто толку искрен. „Знаев дека ќе биде тука, но не знаев дека ќе стои со нас на подиумот кога ќе го кренеме трофејот, па бев доста збунет“, рече Палмер, кому Трамп претходно му ја врачи наградата за најкорисен играч на турнирот.
Фото/ Принтскрин
Текстот Кукуреља за Трамп: Бев преплашен, никој не смееше ништо да му каже е превземен од МАКФАКС.